ВИДЕО | Опозицијата тргна физички да се пресмета со Вучиќ, пратениците од СНС го одбранија

Фото Твитер принтскрин

Целосен хаос се случува во српското собрание, каде српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати пред пратениците, објавувајќи ги деталите од европскиот предлог.

Српските медиуми, објавија снимки од моментот кога српските опозиционери тргнаа физички да се пресметаат со претседателот.

Претседателот на АСрбија влезе во расправа со пратеникот од опозицијата Милош Јовановиќ, упатувајќи остри зборови.

Скандирајќи „предавник“ опозиционерите ги отфрлија предлозите на претседателот Вучиќ.

Фото МИА

Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон претседателот.

ВИДЕО | Вучиќ: Европскиот план предвидува да не се противиме на членство на Косово во меѓународните организации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот