Александар Вучиќ / Фото: EPA/EFE / Koca Sulejmanovic

Вучиќ: Избори на 12 јули или наесен

Тој додаде дека верува оти изборите ќе бидат демократски и дека српскиот Парламент ќе ги усвои сите препораки за изборни услови дадени од Канцеларијата на ОБСЕ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември, пренесува Нова.рс.

Тој додаде дека верува оти изборите ќе бидат демократски и дека српскиот Парламент ќе ги усвои сите препораки за изборни услови дадени од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, како и ставот на Венецијанската комисија за судството.

Меѓу другото, Вучиќ рече дека поради намалувањето на акцизите, со цел ублажување на цената на горивото и зголемувањето на трошоците, Србија досега изгубила околу 100 милиони евра.

„Ако ова продолжи, ќе имаме огромно „крварење“. Успеавме да ја одржиме стапката на јавен долг на 45 проценти од БДП, што е половина од онаа на најмоќните европски земји“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот