Александар Вучиќ, претседател на Србија / Фото: MILAN ILIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Вучиќ индиректно потврди дека унгарскиот МОЛ го купува НИС

Се надевам дека дотогаш Русите и Унгарците ќе ја завршат својата работа, рече Вучиќ,

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес индиректно потврди дека унгарската компанија МОЛ преговара со руската страна за купување на Нафтената индустрија на Србија (НИС), пренесува Н1.

Во изјава за новинарите пред српското Собрание, во таканаречениот Чациланд, кој е трансформиран во привремено новогодишно село, тој рече дека НИС ќе почне со набавка и преработка на нафта веднаш по празниците, а дека Рафинеријата ќе почне да работи со полн интензитет околу 18 јануари.

-Се надевам дека дотогаш Русите и Унгарците ќе ја завршат својата работа – рече Вучиќ, истовремено изразувајќи надеж дека ќе има доволно гориво за сите потреби во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот