Вучиќ: Државата и нејзините интереси мора да бидат пред партиските, ќе се борам за Косово и нашата Србија

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се избориме за подобра иднина на нашата земја, изјави на Инстаграм претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Почитувани граѓани на Србија, пред два дена ја кажав вистината за сите проблеми со кои се соочуваме во однос на Косово и Метохија. Ништо не криев од вас. Ви кажав и како и колку се боревме и како имаме намера да се бориме во иднина за нашата земја“, рече Вучиќ.

Претседателот истакна дека им понудил на сите политички актери во земјата да се запознаат со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија.

„Тие рекоа дека не сакаат да разговараат, или барем добар дел од нив, туку сакаат јавна демонстрација. Жал ми е што не разбраа дека земјата е повеќе важна од политичките интереси на која било партија и секој од нас.Во секој случај, моја обврска е да го почитувам парламентот и да ги исполнам сите барања.Ќе се појавам во Народното собрание, ќе одговорам на сите прашања и ќе се борам за Косово и Метохија и нашата Србија. Само заедно и обединети можеме да се избориме за подобра иднина на нашата земја“, порача Вучиќ на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот