Вучиќ на Инстаграм објави податоци за економскиот раст, Србија во плус во првиот квартал

Фото: Nedim Grabovica / Xinhua News / Profimedia

Во првиот квартал Србија остварила економски раст поголем од еден отсто, а очекуван бил минус од 1,3 отсто, соопшти денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, а пренесува Бета.рс. 

– Имам извонредни вести за вас – неможам да ја сокријам својата среќа и гордост поради тоа што се наоѓам на чело на земјата која успеала во тоа. Во првиот квартал Србија оствари раст поголем од еден отсто. Тоа е огромна разлика во однос на она што го чекувавме – рече Вучиќ во своето видео обраќање до јавноста преку Инстаграм.

Според неговите зборови, Германија очекувала минус од 1,5 отсто, а остварила минус од 1,7 отсто и не е задоволна од тоа.

– Србија се движи со неверојатна брзина напред благодарение на вас, народот и граѓаните на Србија. Ако имаме 11,5 отсто во вториот квартал, а верувам дека можеме бидејќи се планирани 10 отсто, ќе бдеме шампиони во Европа по економската стапка на раст. И на крај, сето тоа го можеме ако ни помогнете и ако се вакцинираме и се вратиме на работа – порача Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот