Вреди 6 милиони долари: Куќата во која почина актерот Џин Хекман продадена за само 11 дена откако беше огласена
Имотот во Санта Фе на легендарниот актер Џин Хекман, кој неодамна беше огласен за продажба за 6,25 милиони долари, најде купувач за само 11 дена откако беше официјално понуден. Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починаа во овој дом во февруари 2025 година, пишува „Пипл“.
Препорачано
Имотот, со површина од приближно 21,5 хектари, вклучува главен и помошен објект, двата со по три спални соби, базен за пливање, мини голф терен и обемни шумски површини. Имотот беше професионално уреден и исчистен од лични предмети пред да биде ставен на продажба.
– Постојат купувачи на кои им пречи да купат куќа каде што се случила смрт, но има и такви на кои не им е гајле. Го продаваме овој имот поради неговите квалитети и сите позитивни работи што ги нуди – рекла Тара, агентот кој посредувал во продажбата на овој имот.
Хекман, кој имаше 95 години, и неговата 65-годишна сопруга, заедно со едно од нивните кучиња, беа пронајдени мртви на 26 февруари 2025 година, во нивниот дом. Бетси Аракава почина од хантавирусна пневмонија, додека Хекман почина од тешка срцева болест, висок крвен притисок и напредна Алцхајмерова болест.
Двојката живееше во Санта Фе од 1990-тите, а Хекман претходно изјави дека градот го пленил со својата „магија“ додека снимал неколку филмови во областа.
Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе претходно објави фотографии и снимки од домот во Ново Мексико на актерската легенда Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава по нивната смрт. Делови од куќата беа во неред, покриени со измет и урина. Перница со дамки од крв беше пронајдена во една од спалните соби.
Откриени причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, таа починала една недела пред него


