Вратете се во минатото и присетете се на овој безвременски цртан филм на Дизни (ВИДЕО)

јутјуб

Silly Symphonies (1929-1939) е циклус од 75 кратки цртани филмови на Дизни кои денес претставуваат филмска реткост која треба да се негува и да се стори сé што е во наша моќ да не се заборави.

Еден од овие цртани филмови е „Lullaby Land“, во режија на Вилфред Џексон, кој премиерно се претставил на овој ден во 1933 година.

Едно сонувачко дете од колевка патува во земјата на приспијниците, свет каде што цуцлите растат на дрвја, пелените, шишињата и костумите маршираат во парадата, и каде плишаните играчки се живи. Во еден момент, детето талка во „забранетата градина“, областа на ножици, ножеви и пенкала што тој „не смее да ги допира“ …

Да не откриваме премногу, накратко вратете се во детството и испловите во „Lullaby Land“ …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот