Фото: Andreas Arnold/dpa

Вработените во „Луфтханза“ во униформи на „Бос“, остануваат темносината и жолтата боја

Околу 33.000 вработени во „Луфтханза“ ќе добијат нови униформи. На интерната модна ревија во Франкфурт, авиокомпанијата претстави околу 40 парчиња облека, во соработка со модниот бренд „Бос“, објави ДПА.

Визуелниот идентитет останува класичен, во темносината и типичната жолта боја на „Луфтханза“.

Новите униформи вработените треба да добијат од четвртиот квартал.

Новите парчиња лесно можат да се комбинираат со постојните униформи на брендот „Стренес“. Тие биле воведени пред 24 години и сега постепено треба да се заменуваат.

На воведувањето му претходело обемно тестирање, во кое учествувале 150 вработени од пилотските кабини, кабинскиот персонал и копнените служби.

Тие ја претставиле новата облека и во промотивниот центар на „Луфтханза“. Особено добро биле прифатени повторно воведените темно синикошули и наметката во стилот на седумдесеттите години, кои претходно не биле дел од колекцијата.

Генералниот директор на „Луфтханза“, Јенс Ритер, ја опишал новата гардероба како визит-карта на компанијата.

– Униформата кажува кои сме, пред да изговориме некој збор – рекол Ритер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот