Возот тргнал за Бијело Поље, вагонот останал во Подгорица

Патници кои рано утрово патувале со воз на Црногорската железница од Подгорица до Бијело Поље доживеале шокантна и по малку комична ситуација. Тие велат дека кога возот тргнал кон Бијело Поље, еден од вагоните бил оставен во Подгорица.

Според нивните изјави, возот пристигнал на станицата со три, а си заминал со два вагона. Патниците останале во напуштениот вагон бидејќи не биле информирани.

Тие велат дека за овој пропуст никој не ја презел одговорноста и дека им било кажано оти немаат право да им бидат вратени парите кои ги дале за билетите, објави „Вијести“.

Државната компанија подоцна им се извини на патниците и соопшти дека сепак може да побараат враќање на парите за купените билети.

„На 05.01.2026 година, во локалниот воз што сообраќал од станицата Бар до Бијело Поље, а тргнувал од Бар во 5:13 часот наутро, дошло до превид од страна на персоналот на возот, поточно еден оператор кој, веднаш по дознавањето за превидот, бил отстранет од работа од директорка, Драгана Лукшиќ, а против него биле преземени дополнителни мерки во согласност со внатрешните процедури и важечките железнички прописи. Искрено изразуваме извинување за непријатностите што им се предизвикани на патниците и со ова ги известуваме дека можат да побараат враќање на парите за купените билети за воз“, се наведува во соопштението на Железничкиот транспорт.

Работникот кој го направил пропустот бил отстранет од работа и против него биле преземени дополнителни мерки, соопшти компанијата „Железнички транспорт на Црна Гора“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот