Возач под дејство на дрога предизвика тешка сообраќајна несреќа во Шпанија: Загина бебе, три лица се во критична состојба

Фото: Принтскрин/La Vanguardia

Во сообраќајна несреќа која пред неколку дена ја предизвика дрогиран Србин (42) во Барселона, загина бебе на возраст од 17 дена, а три лица се тешко повредени, пренесува српски „Блиц“.

Несреќата се случила на автопатот Ц-32, кога државјанин на Србија со своето возило удрил во друг автомобил кој се наоѓало семејство со своето бебе. Автомобилот во кој патувало семејството се одбили од возилото на Србинот и се удрило во заштитната ограда, а од силината на ударот, целосно е уништено.

На местото на настанот веднаш пристигнале службите кои само можеле да констатираа смрт на бебето. Од последиците на судирот, таткото и дедото се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот се уште е во животна опасност.

Возачот (42) од Србија во несреќата се здобил со полесни телесни повреди и веднаш бил подложен на тестирање на кое, според информациите од шпанските медиуми, е утврдено дека во крвта имал поголема количина на хашиш и метамфетамин. Тој во моментов се наоѓа во притвор и се товари за повеќе кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот