Вонредни мерки за заштита на европската економија: ЕЦБ ќе испечати 1.000 милијарди евра

Драматичниот чекор на ЕЦБ се појавува во екот на „друштвено-економското корона цунами“ во нејзиното сегашно глобално жариште – Европа.

Европската централна банка ќе отпечати 1.000 милијарди евра за да ја заштити европската економија од сите разорни последици од ширењето на смртоносниот коронавирус.

Оваа одлука е донесена ноќта меѓу средата и четвртокот во Франкфут, на вонредната седница на Управниот одбро на ЕЦБ, пренесува порталот Банкар.ме.

Драматичниот чекор на ЕЦБ се појавува во екот на „друштвено-економското корона цунами“ во нејзиното сегашно глобално жариште – Европа.

Овој чекор ЕЦБ го презема, како што се наведува, после потонувањето на италијанската берза, најновата одлука на Рим карантинот на Апенинскиот полуостров да го продолжи и после 3 април, како и јавниот притисок на Париз во средата ЕЦБ „веднаш и одлучно“ да преземе што и да е потребно за да се запре „кланицата“ на берзата на европските хартии од вредност.

ЕЦБ претходно и најави вонредна програма за купување обврзница во вредност од 750 милијарди евра во обид да им помогне на економиите да ја надминат финансиската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус. Мерките беа поздравени од Германија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот