Во светот има над 83,5 милиони заразени со Ковид-19 и над 1,8 смртни случаи

Јапонија ковид-19
Луѓе со заштитни маски во Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

САД имаат најголем број заразени – најмалку 20 милиони и смртни случаи – повеќе од 346 илјади.

Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс објавени синоќа, 83,5 милиони луѓе во светот биле заразени со коронавирусот, а 1,8 милиони починале.

САД имаат најголем број заразени – најмалку 20 милиони и смртни случаи – повеќе од 346 илјади.

Следува Индија со 10,2 милиони заразени и 148 илјади жртви, а трет е Бразил со 7,6 милиони заразени и 195 илјади смртни случаи.

Во САД во тек се вакцинации со одобрени вакцини од Фајзер / БиоНТех и Модерна.

Четириесет и две лица во американската држава Западна Вирџинија кои отишле на вакцинација, по грешка добиле „експериментален третман со антитела”, јавија американски медиуми.

Тоа е лек кој му бил даден и на претседателот Доналд Трамп додека тој бил на болничко лекување поради коронавирус.

Џејмс Хојер од Националната гарда на Западна Вирџинија изјави дека тие лица биле контактирани и дека властите се обидуваат да го поправат пропустот, односно дека луѓето на кои по грешка им биле дадени антитела – ќе бидат први во редот за вистински вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот