Во струшката чаршија затворени девет новогодишни куќарки – не ги исполнувале основните хигиенски услови
Во градската чаршија во Струга затворени се девет новогодишни куќарки, кои не ги исполнувале основните хигиенски услови. Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а лицата кои работеле во нив немале извршено здравствено-санитарни прегледи.
Препорачано
По спроведен инспекциски надзор, АХВ им изречени парични казни од по 200 евра на угостителите, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
– Со контролата спроведена на 22-ри овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на добра производствена и добра хигиенска пракса – информира АХВ.
Решенијата за времена забрана за вршење дејност ќе останат во сила до исполнување на потребните услови за работа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
36мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


