Во првиот меч по триумфот на Австралија Опен, Ѓоковиќ подобар од Синер

epa09134639 Novak Djokovic of Serbia in action during his third round match against Jannik Sinner of Italy at the Monte-Carlo Rolex Masters tournament ?in Roquebrune Cap Martin, France, 14 April 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Новак Ѓоковиќ по двомесечна пауза се врати на тениските терени и обезбеди пласман во осминафиналето на мастерсот во Монте Карло откако во второто коло го совлада Јаник Синер во два сета и тоа со 6:4,6:2.

Ова беше прв меч на Ѓоковиќ по триумфот на Австралија Опен во февруари, и успеа да оствари лесен триумд иако против себе го имаше финалистот од мастерсот во Мајами.
На стартот од мечот и двајцата тенисери се обидуваа да го пронајдат ритамот, поагресивен беше младиот Италијанец и во третиот гем направи брејк. Сепак, Ѓоковиќ одговори експресно во наредниот гем, а потоа повторно го одзеде сервисот на противникот и поведе со 5:2. Но, кога сервираше за сет, падот на концентрацијата му дозволи на Синер да ги искористи своите шанси и да намали на 5:4. Но, во наредниот гем, првиот тенисер на АТП ранг листата повторно прави брејк кој му носи водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, клучен беше четвртиот гем кога Ѓоковиќ го одзеде сервисот на противникот и си го трасира патот до победата. Нареден противник на Ѓоковиќ ќе му биде подобриот од дуелот Хуркач – Еванс.

Сигурен старт на мастерсот во Монте Карло имаа и Григор Димитров, Фабио Фоњини, Андреј Рубљов кои славеа во два сета, додека изненадувачки поразен е Диего Шварцман кој загуби од Норвежанецот Руд со 3:6,3:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот