Во природата сè е поврзано: По изгледот на плодот на растенијата можеме да дознаеме кој орган го лечат

Во природата сè е поврзано.

Авокадото, доматот и крушата влијаат на здравјето и функцијата на матката, а воедно и на неа личат.

Во продолжение прочитајте кој плод како влијае на здравјето на органите во човековото тело.

 

Домат – Срце

Доматот е црвен и има четири комори исто како и срцето. Истражувањата покажаа дека доматот е полн со калиум и железо и е добра храна за срцето и крвта.

Орев – Мозок

Јадрото од оревот личи на мозокот, има лева и десна хемисфера, дури и наборите наликуваат на мозочните вијуги. Денеска се знае дека оревот создава нервни предаватели на функциите во мозокот.

Целер – Коски

Целерот и рабарбарата личат на коски и влијаат на јачината на коските. Коските содржат 23% натриум, исто како оваа храна. Ако не внесувате доволно натриум преку храната, вашиот организам ќе зема од коските и тогаш тие ослабуваат.

Авокадо – Матка

Авокадото, доматот и крушите влијаат на здравјето и функцијата на матката – а воедно и на неа личат! Ако жената јаде едно авокадо во текот на неделата, нејзините хормони ќе бидат избалансирани, и со тоа се спречува појава на канцер на матката и јајниците. Најинтересно е тоа што се потребни 9 месеци авокадото од цвет да стане зрел плод.

Сладок компир – Панкреас

Слаткиот компир личи на панкреасот и го балансира шеќерот во крвта.

Морков – Очи

Морковот во пресек личи на човечкото око. Зеницата, ирисот и другите линии потсетуваат на окото. И науката докажа дека морковот значително го зголемува протокот на крвта и функцијата на очите.

Грејпфрут – Дојки

Портокалите, грејпфрудот и останатите агруми личат на женските гради и помагаат во движењето на лимфата низ дојките и со тоа се спречува појава на канцер.

Ѓумбир – Стомак

Ѓумбирот личи на желудникот, познато е дека ги ублажува болките во желудникот и надуеноста. Содржи посебни ензими кои се одговорни за катализација на протеини во храната и на тој начин помага во варењето на храната и ги спречува грчевите, појавата на чир, оштетувањето на желудочната слузница, се користи за лечење на гастритични болести како што се дислепсија, колика и дијареја.

Габа – Уво

Габата слична на печурка исечена на половина потсетува на човечкото уво. Печурките го подобруваат слиухот, затоа што се една од ретките намирници кој го содржат витаминот Д. Овој витамин е важен за здравјето на коските, дури и оние ситни коски што се во увото кои го пренесуваат звукот до мозокот.

Кромидот е сличен на човечките клетки. Тој помага за отстранување на отровот од нив. Од него плачеме, а солзите го мијат и го чистат надворешниот дел од окото.

Лукот има слични својства, ги отстранува отровите и опасните слободни радикали од нашето тело.

Маслинките помагаат за здравјето и функцијата на јајниците.

Смоквите се полни со семиња и висат во парови. Тие го зголемуваат бројот и подвижноста на сперматозидите, што го спречува стерилитетот кај мажите.

Гравот всушност лекува и помага во функцијата на бубрегот, а изгледа исто како бубрег.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот