Во куќата што ја купиле, пронашле богатство вредно половина милион евра – Парите ќе завршат во општинската каса

Општината Морез во источна Франција неодамна купила куќа за 130.000 евра, а во стаклени тегни во внатрешноста пронашле повеќе од илјада златници и пет златни плочки во вредност од 500.000 евра, пренесе денес Ле Паризијен.

Кога градоначалинот на Морез, Лорен Пети, го објави пронаоѓањето на вредносто богатство, предизвика воодушевување кај населението и градските власти, бидејќи буџетот на градот сега е поголем за половина милион евра.

Морез е градче со 5.000 жители, а општината случајно ја купила токму таа куќа во центарот на градот, со желба да ја обнови и да направи две продавници на приземјето, а на горните два ката станови, пишува Ле Паризијен.

Куќата била во лоша состојба, преполна со разни предмети – имало се, од кутии, стари чорапи, до искористени пластични кутии и сл.

– Кога започнавме да ја средуваме куќата, во око ми падна вториот кат. Наидов на пластична вреќа полна со лименки и стари стаклени тегли од кисели краставички. Сфатив дека лименките се полни со пари кованици, но не ја знаев нивната вредност. Тогаш ги здогледав и златните плочки и срцето ми затрепери. Плочките и кованиците со децении ги чувало семејството Жобез – изјави Мартин Ријалан, која работи во општината.

Кога починал последниот член на семејството Жобез, кое немало наследници, далечните роднини ја наследиле куќата и одлучиле да ја продадат, не сфаќајќи какво богатство се крие внатре, додава Ле Паризијен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот