Во колку часот се будат милијардерите?

Будењето во 4 часот наутро, усвоено од некои од најуспешните луѓе во светот, стана нов „рецепт за успех“. Неодамнешна студија за Wall Street Journal покажа дека милијардерите како Тим Кук („Епл“), Ричард Бренсон („Вирџин Атлантик“) и Мишел Гас („Старбакс“) го сметаат ова за нивно најпродуктивно време од денот.

Сепак, клиничкиот психолог Мајкл Џ. Брус предупредува дека овој распоред на спиење е генетски можен само за околу 15 проценти од населението, кои тој ги нарекува „лавови“ (екстремно ранобудници). Зошто 4 часот наутро е „лично“ време? Според интервјуата, причината зошто ова време од утрото е толку добро за продуктивност е тројна. Прво минимални одвлекувања на вниманието- не ве вознемируваат децата, семејството, вработените или шефовите. Второ нема комуникација- речиси никој не ви испраќа е-пошта или пораки и трето време за себе. Повеќето испитаници го користат за вежбање, читање, медитација или молитва, што позитивно го организира нивниот ден- пишува Каматица. Секако, тие си легнуваат многу порано поради тоа. Мајкл Џ. Брус истакнува дека прашањето дали треба да станете во 4 часот наутро е тесно поврзано со вашиот хронотип, односно вашата генетика што го одредува вашиот природен ритам на спиење.

– Ако ви треба аларм за да ве разбуди, тоа е сигурен знак дека станувате во погрешно време за вашиот хронотип – вели Брус, додавајќи дека за 85 проценти од луѓето, будењето во 4 часот наутро не е добра идеја.

За оние кои се природно предиспонирани за рано будење и сакаат да ја усвојат навиката за рано станување, Брус дава неколку практични совети, предупредувајќи дека будењето во 5:00 часот наутро може да биде пореално од 4:00 часот:

Легнете рано: За да бидете будни во 4 часот наутро, треба да ги исклучите светлата најдоцна до 21:30 часот за да обезбедите најмалку 6 часа непрекинат сон.

Бидете доследни: Не е доволно да се разбудите рано само неколку пати, бидејќи тоа го нарушува вашиот биолошки часовник.

Избегнувајте повреди: Ако тренирате рано, погрижете се да се загреете најмалку 15 минути, бидејќи вашето тело е вкочането од ноќна неактивност.

Воспоставете рутина: Поставете три цели за денот и не го прескокнувајте појадокот, што е особено тешко за ноќните птици.

Блокирајте ја сината светлина: Носете очила што ја блокираат сината светлина 60 минути пред спиење, што ќе ви помогне полесно да заспиете.

Брус заклучува дека популарноста на ваквите написи лежи во психологијата: „Ако сите овие успешни луѓе го прават ова, а јас сакам да бидам успешен, тогаш треба да го направам ова!“ Сепак, реалноста е дека на повеќето луѓе им е подобро да најдат рутина што одговара на нивната генетика, а не на рутината на милијардер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот