Во која рака е најдобро да ја примите вакцината против ковид-19?

Вакцинација /Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Масовната вакцинација на луѓето ширум светот поттикнува и прашања околу самата вакцина и вакцинирањето.

Со оглед на тоа дека вакцината против ковид-19 станува сѐ подостапна, бројни се прашањата што се појавуваат за нејзината безбедноста. Како и повеќето вакцини и оваа вакцина се дава во горниот дел од раката. По првата доза, се очекува и примањето на втората доза, а се дава во период од околу еден месец.

Кои нуспојави може да се очекуваат?

Најчести пријавувани нуспојави по примањето на вакцините против ковид-19 се однесуваат на: зголемена телесна температура, болка на местото на примањето, главоболка, болки во мускулите, треска, општа слабост, замор, црвенило на местото на примената вакцина, мачнина, болка во зглобовите.

Ретки и очекувани нуспојави

Станува збор за очекувани нуспојави, кои често се појавуваат, слични на нуспојавите на другите вакцини и најчесто се со благ до умерен интензитет и поминуваат спонтано за неколку дена или со примена на симптоматска терапија на пр. ладни облоги, лекови за намалување на температурата и лекови против болка). Може да се појави главоболка, зголемена температура и болка на местото
на примање на вакцината.

Кои сериозни нуспојави се забележани?

Меѓу сериозните нуспојави најчесто се забележани реакции на пречувствителност кои се манифестираат како осип, чешање и уртикарија (копривњача) недолго по примената вакцина, поради што се применети антиалергиски лекови и по што во сите овие случаи дошло до закрепнување. Станувало збор за помлади возразни луѓе до средна животна возраст. Поретко се забележани и реакции на пареза на лицето, односно периферна слабост на едната страна на лицето. Овие реакции обично се поврзани со оток на ткивото кое го притиска нервот и најчесто се работи
за минлива состојба.

Што е „ковид рака“?

Ако сте забележале осип околу местото на кое сте ја примиле вакцината, може да се работи за „ковид рака“, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Со медицински речник, станува збор за задоцнета реакција на кожата.

Како да одберете во која рака ќе примите вакцина?

Можете сами да одберете во која рака ќе ја примите вакцината, а тоа не се разликува многу од другите вакцини, така што не постои правилен или лош избор. Лекарот може да ве советува, но конечната одлука е ваша. Едни ќе кажат дека треба да се одбере доминантната рака бидејќи со неа повеќе се служиме и повеќе ја движиме, па така и влијаеме на крвотокот. Тоа значи дека со постојаните движења ќе се ублажи болката и ќе се скрати времетраењето на симптомите. Но,
со оглед на тоа дека болката може да потрае и до два дена по вакцинирањето, ако ја одберете раката што не е доминантна, ништо нема да ве спречи во извршувањето на обврските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот