Во Катар се пишува историја: За првпат ќе судат и жени на Светско првенство

Една од најпознатите женски судијки во светот, Стефани Фрапар од Франција/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во Катар, ќе биде прво во историјата каде правдата ќе ја делат и женските судии, откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) избра шест од нив да судат на Мундијалот.

На списокот за СП во Катар се вкупно 129 судии, меѓу кои шест жени, од кои три ќе бидат главни судии на натпреварите. Тие се Французинката Стефани Фрапар, Салими Мукансанга од Руанда и Јапонкара Јошими Јамашита. Избрани се вкупно 36 главни, 69 помошни судии и 24 задолжени за ВАР.

Меѓу 69 помошни судии има и три жени – Нуса Бек од Бразил, Карен Дијаз од Мексико и Американката Кетрин Несбит.

Стефани Фрапар веќе судеше во квалификациите за Светското првенство како и во Лигата на шампионите, а беше главен судија на финалето на Светското првенство за жени во 2019 година и на финалето на францускиот куп за фудбалери овој месец.

– Се надевам дека во иднина изборот на женските елитни фудбалски судии за важни натпреварувања во машка конкуренција ќе се доживува како нешто нормално, а не како нешто сензационално – вели претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот