Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Во ЕУ се истражува голема дубарa со набавка на ковид-вакцини

„Европското обвинителство потврдува дека истражува набавка на вакцини против Ковид-19 во Европската Унија”, соопштија од институцијата, пишува германскиот весник „Билд“. Оваа потврда се должи на „исклучително високиот јавен интерес”.

За време на пандемијата, Европската Комисија преговараше и договори стотици милиони дози на вакцини во име на земјите-членки. Постапката постојано беше критикувана затоа што договорите беа само делумно обелоденети или затоа што имаше доцнења во испораката на вакцината, потсетува Билд.

Што точно обвинителството во моментов истражува, останува нејасно. Со месеци особено беше критикуван договорот за до 1,8 милијарди дози на Фајзер/БиоНТек од пролетта 2021 година. Тогаш обемот на договорот беше проценет на 35 милијарди евра.

Како што објави „Њујорк Тајмс“, за договорот пресуден бил личниот контакт меѓу шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла. Двајцата наводно си размениле СМС пораки.

Европската Комисија одби да им даде на новинарите пристап до предметните СМС пораки. Според извештајот од септември, Европскиот суд на ревизори не добил никакви информации за договорот. Европскиот омбудсман Емили О’Рајли остро ги критикуваше постапките на Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот