Во древниот турски подземен град живееле 20 илјади луѓе: Откриен бил од „љубопитни“ кокошки

Derinkuyu
Древниот град Деринкују / Фото: Credit line: Marina Pissarova / Alamy / Alamy / Profimedia

Под Кападокија во Турција се наоѓа Деринкују, подземен град во кој некогаш живееле 20.000 луѓе. Неговото античко име е Еленгубу. Се наоѓа на 85 метри под површината на Земјата и има дури 18 нивоа на тунели. Ова место било населено илјадници години – овде живееле Фригијци, Персијци, христијани од византиската ера и многу други народи. Кападокските Грци ја напуштиле во 1920-тите години, односно кога биле поразени од Турците и масовно побегнале во Грција, пишува „BBC Travel“.

Не само што подземните соби се протегаат на стотици километри, туку тука има и повеќе од 200 одделни градови, кои формираат огромна „подземна мрежа“. Деринкују беше „повторно откриен“ од неименуван локалец во 1963 година. Имено, неговите кокошки постојано бегале и така го пронашле овој град.

Мештанецот потоа го ископал преминот и бил фасциниран од она што го пронашол. Овде, меѓу другото, имало магацини за храна, сточни штали, училишта, винарии, па дури и капела. Деринкују беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Деринкују
Надворешниот дел од Деринкују / Фото: Credit line: James Caldwell / Alamy / Alamy / Profimedia

Се смета дека поголемиот дел од Деринкују го изградиле Фригијците

Сè уште не е познат точниот датум на изградба, а Деринкују првпат се споменува во делото Анабасис, напишано од Ксенофон во 370 година п.н.е. Во таа книга тој зборува за луѓе од Кападокија кои живееле во куќи под земја. Овој феномен за него бил необичен, имајќи предвид дека повеќето од жителите тогаш живееле во живеалишта на блиските карпи.

Се смета дека поголемиот дел од Деринкују го изградиле Фригијците бидејќи тие имале средства да градат сложени подземни структури и биле една од најистакнатите империи во Анадолија. Ова место се користело за складирање на стоки, но било изградено за да можат жителите да се кријат од напаѓачите. Се верува дека за време на византиската ера тука живееле дури 20 илјади луѓе.

Денес туристите плаќаат околу 60 лири за да влезат во Деринкују. Секако, тунелите се тесни и слабо осветлени, а впечатливо е што има систем за вентилација и бунар ископан на длабочина од повеќе од 55 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот