Во болница во Романија со корона заразени 83 медицински лица

Во Сучева имало вработено 233 доктори од кои 34 се позитивни на КОВИД – 19.

Министерството за здравство во Романија соопшти дека во регионална болница на северот од земјата со корона вирус се заразиле 34 доктори и 49 медицински сестри и болничари.

Здравствените власти соопштуваат дека во болницата имало 233 доктори од кои 34 се позитивни. Инфицираните се пренесени на клиниката за инфективни болести, а останатите се пуштени во 14 дневна домашна изолација.

Тимот на романското Министерство за здравство одлучи да ја претвори регионалната болница Сучева во место за лекување лица заразени со новиот коронавирус, откако ќе биде дезинфицирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот