Во 2023 година ќе стане мајка, а во 2024 година сака да игра на ЛОИ во Париз

Анџелик Кербер/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Германската тенисерка Анџелик Кербер која идното лето треба за прв пат да стане мајка, открива дека тоа не значи крај на нејзината кариера.

– Никако, ќе се обидам повторно да се подготвам и да му се вратам на тенисот. Но, нема да брзам – изјави Кербер во интервју за „Порше њузрум“.

Освојувачката на три гренд слем титули изјави дека желба и е уште еднаш да ја претставува Германија на Летните олимписки игри поради тоа сака да настапи на Игрите во Париз 2024 година.

– Секако дека би сакала да играм на Игрите во Париз. Веќе настапив во Лондон 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година. Неверојатно е чувството да играте за вашата земја на најголемиот спортски настан – додава Кербер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот