Владета Јеротиќ: Како се одржува меморијата и активноста на мозокот и во подоцнежните години
Владета Јеротиќ (1924-2018) беше српски невропсихијатер, психотерапевт, физолоф, писател и академик. Јеротиќ дипломирал медицина во 1951 година, во 1957 специјализирал во областа на невропсихијатрија. Неколку години подоцна специјализирал и психотерапија цуркулирајќи низ Швајцарија, Германија и Франција.
Препорачано
Професорот д-р Владета Јеротиќ во својот живот имал обемна и плодна публицистичка мисија. Пишувал за психоанализа, психотерапија, социологија, социјална психијатрија и филозофија во над 70 книги и научни трудови. Воедно го анализирал и толкувал влијанието на религијата врз човечката психологија и однесување.

За време на својата професорска кариера во Белград, неговите предавања биле многу популарни и секогаш преполни. Со леснотија го пренесувал и споделувал своето огромно знаење на лесен и разбирлив јазик обраќајќи им се на обичните луѓе.
Во едно од своите предавања, тој објаснил како успеал да го задржи својот мозок активен и со совршена меморија дури и во подоцнежните години.
„Повеќе од 30 години, секој втор ден преслушувам англиски зборови. Тоа е мојот трет јазик. Првиот беше францускиот, па германскиот. Англиски научив многу подоцна. Бев во Англија неколку месеци, но не научив Бог знае колку. Иако читам без речник, читањето не е исто со зборувањето. Јас секогаш имам некој нов англиски текст пред себе и постојано преиспитувам сè што правам“, изјавил професорот.

„Прво повторувам по два-три нови зборови од пред два дена, не повеќе од тоа. Ако се сеќавам на нив, тогаш го читам текстот и ако пак наидам на нов збор го барам во речникот за да го повторам за два дена. И, ако не сум ги запамтил, не учам нови, повторно се враќам на старите. Работам на мојот вокабулар секој ден, повеќе од 30 години.“ , кажал Јеротиќ.

„Другата вежба за меморија е учење песни. Пронајдете нови песни, научете ги, слушајте ги и еден ден ќе знаете 15-20 напамет. Така ја обновувате и ја освежувате вашата меморија. Најдете поезија од некои современи поети. Не мора да бидат долги песни, можат да бидат и пократки. Научете ја песната напамет. Не можете да ја запамтите? Прочитајте ја 10 пати и запомнете ја, не може да не ја запомнете. Научете ја, а потоа по 2, 3, 5 дена, проверете дали се сеќавате на истата“, рекол Владета Јеротиќ.
„Ако се сеќавате на истата, одлично, преминете на нова. Само така се одржува меморијата“, рекол Јеротиќ.


