Виз Ер Скопскиот маратон во Топ 10 најбрзи во светот! (ФОТО)

фото:фејсбук

Според статистичките истражувања направени од Британскиот „The Sole Supplier“ бренд, нашиот Виз Ер Скопски Маратон се најде на листата на најбрзи маратони во светот во конкуренција од 476 лиценцирани маратони од ИААФ!

И не само на оваа листа, туку и на листата на маратони со највисоки препораки (поени), каде сме на 66 место (тука се земени во предвид повеќе фактори како, брзина на патека, надморска висина, котизација, загадување, достапност на сместување за странци, медицинска помош на патека, освежителни станици, температура и сл…)

принтскрин/фејсбук

За методологијата на собирање статистики и како токму нашиот маратон е еден од највисоко рангираните во светот, проверете на линкот во прилог или уште поедноставно, пријавете се за некоја од трките на нашиот маратон во мај на нашиот веб сајт и самите уверете се во она што бројките го сугерираат како факт (ЛИНК)

Маратонот во главниот град на Македонија во овој избор е на 10. место со просечно време на финиширање од 04:01.45 часа.

На првото место се наоѓа маратонот во Оденсе (Данска), „Андерсен маратон“ (03:51.22 ч.), на втората позиција е маратонот во Луцерн (Швајцарија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот