Витомир Трајковски освои бронза на Светските боречки игри во Саудиска Арабија

фото: facebook.com/makpetrol.ultra

Бронза за Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, на Светските боречки игри кои што од 18 до 22 октомври се одржуваат во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Трајковски, заедно со Стефан Стојановиќ, исто така, член на скопскиот клуб, се единствените македонски спортисти што учествуваа на овој глобален собир на којшто се натпреваруваат над 1.700 индивидуалци од 80 земји.

Во елиминацискиот дел, Трајковски (-84 кг.) во својата група беше второрангиран со шест освоени бодови.

Оствари две победи и еден пораз, по што се пласира во полуфиналето. Во оваа борба беше поразен од натпреварувач на домаќинот и не успеа да обезбеди влез во финалето.

Стојановиќ (+84 кг) е вториот македонски каратист кој беше дел од светските боречки игри. Тој не оствари две победи во елиминацискиот дел и заврши во својата натпреварувачка група како треторангиран со три освоени поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот