Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Виолинистот кој го тужи Вил Смит за вознемирувањето што го доживеал: „За жал, се случија некои работи“

Виолинистот Брајан Кинг Џозеф, кој поднесе тужба против холивудската ѕвезда Вил Смит поради незаконско отпуштање, сексуално вознемирување и одмазда, објави ново видео во кое дополнително ја појаснува целата ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwight (@itsdwightthomas)

Џозеф ја поднел тужбата до Високиот суд во Калифорнија, тврдејќи дека Смит намерно го подготвувал за понатамошна сексуална експлоатација по инцидент кој, според неговите зборови, се случил за време на заедничка турнеја во март минатата година.

Во видеото објавено на Инстаграм, Џозеф раскажува дека на почетокот на годината бил ангажиран како изведувач на голема музичка турнеја со личност која има големо влијание во индустријата. Тој вели дека бил возбуден и горд што ја добил таа можност, но признава дека ситуацијата подоцна добила непријатен тек.

„За жал, се случија некои работи. Не можам да навлегувам во детали, бидејќи станува збор за правен процес“, изјави тој, додавајќи дека е свесен оти многу луѓе се плашат јавно да проговорат за слични искуства.

Адвокатот на Вил Смит претходно за магазинот People изјави дека обвинувањата на Џозеф се лажни, неосновани и непромислени.

Во тужбата, Џозеф детално опишува низа, како што вели, трауматични настани. Тој тврди дека неовластено лице влегло во неговата хотелска соба во Лас Вегас, а таму пронашол марамици, шише пиво и шише лек за ХИВ со име на друго лице. Според неговите наводи, поради овој инцидент развил посттрауматско стресно нарушување и претрпел значителна финансиска штета.

ВИДЕО | Вил Смит негира дека бил на забавите на Диди: Престанете со глупостите, јас не ни сакам масло за бебиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот