Фото: Приватна архива

Вински пат во Европа – проект на средношколци од Кавадарци, Александровац и Ново Место

„Вински пат во Европа” е насловен проектот во кој беа вклучени средношколци од Кавадарци, Србија и Словенија, информираа денеска од кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, „Ѓорче Петров”.

Целта на проектот беше учениците да се стекнат со практични знаења и вештини од примената на агротехнички мерки во земјоделството, особено лозаровинарството. Беа посетени неколку лозови плантажи, винарски визби. Носител на проектот беше Земјоделската школа „Свети Трифун” од Александровац, преку српската фондација „Темпус”. Од словенечка страна, наш партнер беше Земјоделско угостителски биотехнички центар „Грм” Ново Место, појасни професорот Ефремчо Николов, координатор од македонска страна.

Тој нагласи дека во рамките на активностите, средношколците го следеле целиот процес од раѓањето на грозјето на виновите лози, до подготовката на квалитетно вино.

– Како плод на заедничката соработка, се потрудивме да добиеме еден заеднички производ од грозје. Го именувавме „братско вино”, затоа што сведочи за сплотеноста на ученици, идни енолози, од три земји, да создадат нешто што ќе ги обедини и што ќе ја носи пораката дека заедно можеме повеќе и подобро, дециден беше Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот