ФОТО | Вилијам и Кејт за првпат во јавноста по објавувањето на „Spare“: Изразот на нивните лица е јасен

Фото: Unsplash

Принцот и принцезата од Велс денес се појавија на отворањето на новата болница во Ливерпул и беа пречекани со насмевки и голема почит од пошироката јавност.

Фото: Профимедиа

Според пишувањата на споменатите британски медиуми, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам цело време разговарале со работниците, а според изразот на нивните лица оставиле впечаток дека воопшто не се оптоварени со информациите кои Хари ги пласирал во автобиографското дело.

Фото: Профимедиа

Мемоарите на принцот Хари „Резерва“ (Spare) кренаa голема прашина во медиумите и во јавноста, а веќе првиот ден го соборија рекордот на продажба. Во книгата се откриени многу приватни детали за кралското семејство.

Фото: Профимедиа

Мемоарите на британскиот принц , со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите.

Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус” објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare” во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати.

Фото: Профимедиа

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете” кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

 

Принцот Хари и принцот Вилијам / 10 ноември 2019 / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила.

Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.

Меган и Хари покажаа колку се променил Арчи: Тој е весело бебе, а оваа физичка карактеристика ја наследил од Хари (ФОТО)

Со голи раце ископал гроб: Принцот Хари во мемоарите напиша за спонтаниот абортус на Меган

Книгата на принцот Хари продадена во над 1,4 милиони примероци за еден ден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот