Со голи раце ископал гроб: Принцот Хари во мемоарите напиша за спонтаниот абортус на Меган

Фото: Скриншот/Јутјуб

Меѓу многуте детали за неговиот живот, принцот Хари во својата книга напиша и за еден од најтешките моменти што ги доживеал

Принцот Хари сподели многу детали за животот во британското кралско семејство во својата автобиографија „Sраге“. Сепак, најгрогателниот детаљ во овие мемоари нема никаква врска со односот што го имале кралот Чарлс, кралицата Камила и принцот Вилијам со него неговата сопруга.

Фото: Профимедиа

Делот поврзан со спонтаниот абортус што Меган Маркл, војвотката од Сасекс го доживеа во јули 2020 година, е особено емотивен и болен.

Во ноември истата година, Меган објави дека таа и Хари го изгубиле своето бебе откако се преселиле во Америка. Во мемоарите Хари го сподели болно сеќавање.

Фото: Профимедиа

На крајот на едно од поглавјата блиску до крајот на автобиографијата, принцот Хари откри дека Меган имала симптоми на спонтан абортус првото утро што го поминале во нивниот нов дом. Според Хари, Меган имала „стомачни болки“ и крварела пред да падне на подот, по што итно ја однеле во локална болница.

„Кога докторката влезе во собата, не слушнав ниту еден збор што таа го кажа, само го гледав нејзиното лице. нејзиниот говор на телото. Веќе знаев. И двајцата знаевме“ – пишува принцот Хари.

Рекол дека тој и Меган се прегрнале, дека и двајцата плачеле и дека се чувствувал безнадежно по излегувањето од болница.

Mеган Маркл и Хари на крштевката на принцот Арчи / Фото: Инстаграм / @sussexroyal

Принцот рече дека така се чувствувал само уште три пати во животот: кога бегал од папараците во автомобил со својот брат и мајка му, кога летал со хеликоптер над Авганистан и кога Меган „планирала да си го одземе животот“ додека живееле во Нотингем Котиџ во Англија.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Како што напиша Хари, тој и неговата сопруга ја напуштиле болницата „носејќи мал пакет“ и отпатувале до нивното „тајно место“. Потоа ги закопал посмртните останки на бебето на место за кое знае само Меган и тој.

„Под разгрането дрво, додека Меган плачеше, со голи раце ископав дупка и нежно го ставив ситниот пакет во земја“ – пишува Хари.

И принцот и неговата сопрута добија многу пофалби во изминатите две години бидејќи отворено зборуваа за нивното трагично и трауматично искуство со губењето бебето, со цел да им помогнат на други семејства кои минуваат низ истата траума.

Меган и Хари покажаа колку се променил Арчи: Тој е весело бебе, а оваа физичка карактеристика ја наследил од Хари (ФОТО)

Принцот Хари и Меган итно евакуирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот