Вил Смит поднесе оставка од Академијата: Подготвен е на сите последици кои следуваат
Актерот Вил Смит ја извести јавноста дека веќе не е член на Академија за филмски уметности и науки, откако му удри шлаканица на Крис Рок за време на годинашното доделување на филмските награди Оскар.
Препорачано
„Давам оставка од своето членство во Академијата за филмски уметности и науки и ќе ги прифатам сите натамошни последици што Комисијата ќе ги оцени како соодветни. Потребно е време за промена и јас сум посветен да работам за никогаш повеќе да не дозволам насилството да надвладее над разумот“, се вели во соопштението на Вил Смит, кое неговиот публицист го споделил со „CNN“.
Како потсетување, Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок за време на доделувањето на филмските награди Оскар, откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит.
За време на својот говор, Рок се пошегува на сметка на Џејда Смит поради нејзината избричена глава, нешто што не му се допадна на Смит бидејќи неговата сопруга веќе некое време се бори со болест поради која на делови од главата останува без коса.
Подоцна, Вил Смит во објава на социјалните мрежи напиша дека неговото однесување на свеченоста било „неприфатливо и непростиво“ и јавно му се извини на Крис Рок.
View this post on Instagram


