ВИДЕО+ФОТО | Свадбата на Ана и Кирил: Невестата на инфузија, „пакет“ против мамурлак за гостите и многу танцување

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Инфузија за невестата, многу танцување, совршен фустан, свадба во американски стил, „шот“ за добредојде, но и „пакет“ против мамурлак. Накратко ја опишавме свадбената прослава на фитнес инструкторката Ана Стојанова и нејзиниот избраник Кирил, а во продолжение ќе ги опфатиме сите детали.

Фото: Принтскрин – Инстагра

Подготовките околу свадбената прослава може да бидат исцрпувачки, а тоа го откри и првата фотографија на Ана која ја сподели со своите следбеници. Една од најзгодните фитнес инструкторки подготовките за својот најсреќен ден ги започна до доза инфузија. Подготовките, возбудата и секако адреналинот си го направиле своето, но една витаминска инфузија била доволна за Ана да си ја врати силата и да почне да се подготвува.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Во прекрасниот Охрид, опружени со своите семејства и пријателите Ана и Кирил подготвија свадбена прослава за паметење. Сите гости беа пречекани со алкохолен пијалок, популарно наречен „шот“, а притоа за секој гостин парот подготвил оригинален пакет против мамурлак.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

По желба на Ана до својот сакан, ја одведе нејзиниот татко кој официјално ја предаде раката на својата ќерка на својот иден зет. Оваа традиција секогаш ја гледаме во американските филмови, но овој пат тоа била и желба на невестата иако не е типична во нашите обичаи.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Невестинскиот фустан на Ана ја следеше нејзината совршена линија, а високиот шлиц  беше „неопходен“ при изведбата на првиот свадбен танц на парот. Чевлите од модната марка „Џими Чу“ совршено се вклопија во целокупниот изглед, но високите потпетици набрзо беа заменети со удобни бели спортски патики и светкаво боди совршено за танцување.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Заедно со својата „армија“ и присутните гости, Ана танцуваше во нејзин стил на својот најсреќен ден.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Свадбената прослава заврши со сечењето на невестинската торта на три спрата, а потоа следеше изненадување од страна на младоженецот.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Ана носеше подвезица во бела боја, која нејзиниот сопруг со заби ја извади од нејзнината нога, а потоа ги покани своите другари да застанат во еден ред, со цел најсреќниот да ја фати и според верувањето тој ќе биде следниот кој ќе „рипне во тавче“.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Уживајте во кратките видеа во продолжение, дел од свадбената прослава на Ана и Кирил.

Им посакуваме долг и среќен брак!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот