Емили Ратајковски на Модната недела во Милано / Фото: Инстаграм/Емили Ратајковски

ВИДЕО | „Зошто оди како пијана?“: Емили Ратајковски на мета на критики по ревијата на „Гучи“ во Милано

Моделот Емили Ратајковски стана тема на дискусија на социјалните мрежи откако се појави на ревијата на модната куќа „Гучи“ во рамки на Неделата на модата во Милано. Наместо креацијата што ја носеше, во фокусот на јавноста се најде нејзиниот од на пистата, кој дел од корисниците го опишаа како „несигурен“ и „чуден“.

Ратајковски (34) продефилира во сребрен, кристално украсен тесен фустан, комбиниран со сребрени чевли со висока тенка потпетица и мала сребрена чанта. Косата ѝ беше собрана во загладена пунџа со неколку прамени пуштени околу лицето, додека впечатливата зачадена шминка и дијамантските обетки го заокружија драматичниот изглед.

Ревијата беше прва за брендот откако грузискиот креатор Демна ја презеде функцијата уметнички директор и беше најавена како почеток на нова ера за „Гучи“.

Сепак, видеата од нејзиниот настап брзо станаа вирални, со милиони прегледи и илјадници коментари. Дел од корисниците се пошегуваа дека изгледа како да ѝ се скршила потпетицата, други пак упатија и поостри критики, доведувајќи го во прашање нејзиниот моделски начин на одење.

Во исто време, брендот се најде под дополнителен притисок поради неодамнешните промотивни материјали изработени со помош на вештачка интелигенција, што предизвика незадоволство кај дел од модната јавност.

Од „Гучи“ засега нема официјална реакција, ниту пак Ратајковски се огласи по повод коментарите.

ФОТО | Емили Ратајковски со бакнежи во јавност ја потврди врската со 10 години постариот режисер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот