ВИДЕО: Злато за Алексовска на интернационалниот џиу-џицу турнир во Софија

Даниела Алексовска со златниот медал на џиу-џицу турнирот во Софија, Бугарија/Фото: instagram.com/__danialex__/

Данела Алексовска се закити со злато на меѓународниот џиу-џицу турнир (AJP TOUR) кој се одржа во Софија Бугарија.

Македонската натпреварувачка, која е член на „The Strongest“ триумфираше против Викторија Константиниду од Кипар во категоријата 52 кг.

Нашата земја на овој настан успеа да освои вкупно осум златни и шест сребрени медали за трето место на конечниот ранкинг.

Првопласирани беа Томи Блажевски (41 кг.), Анѓела Стамкова (44 кг.), Марија Мишов (63 кг.), Даниела Алексовска (52 кг.), Дарко Тасевски (94 кг.), Емил Климовски (120 кг.), Теодора Димеска (49 кг.) и Ева Илиевска (95 кг.)

Втори места освоија Марко Трајановски (84 кг.), Марко Сотиров (66 кг.), Михаил Ташковски (73 кг.), Ива Спиридоновска (57 кг.), Витор Секуловски (62 кг.) и Бобан Богески (94 кг.).

На овој турнир освен од Македонија и домаќинот Бугарија, имаше и натпреварувачи од Грција, Србија, Кипар, Бразил, Украина, Велика Британија, Словачка, Шпанија, Русија, Ангола, Обединети Арапски Емирати, Романија, Тунис, Црна Гора, Финска, САД, Германија и Швајцарија. Кои беа најуспешните земји на овој џиу-џицу турнир во Софија можете да погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот