ВИДЕО | „Жешко“ издание на Хајди Клум: Манекенката позираше топлес, се покри со крзнено палто
Германската манекенка Хајди Клум објави видео во топлес од снимањето на нова песна и ги освои социјалните мрежи. Таа ја најави песната „Red Eye“, која ја сними со американскиот диџеј Дипло.
Препорачано
Песната е снимена за новата сезона на шоуто „Следниот топ модел на Германија“, а ќе биде достапна од 13 февруари.
За оваа пригода Хајди носеше само крзенено палто, гаќички и високи чизмисо потпетица. Изгледот го комплетираше со кадрава фризура и шминка што особено ги истакнуваше нејзините очи.
Хајди Клум се занимава со музика веќе некое време. Во 2022 година ја издаде песната „Chai Tea With Heidi“ со Снуп Дог, а во 2024 година соработуваше со Тиесто на синглот „Sunglasses At Night“.
– Сакам многу различни работи освен манекенството или учеството во „Америка има талент“. Сакам да сликам. Целиот мој живот сакам да дизајнирам или да смислувам луди идеи за костими за Ноќта на вештерките. Отсекогаш сум сакала да бидам креативна личност, а за мене музиката отсекогаш била дел од тоа – изјавила таа во интервју за списанието „Билборд“.
Минатата година, таа разговараше и со „Пипл“ за тоа како не гледа ништо лошо во позирањето гола.
– Луѓето секогаш велат: „Веројатно си станала посамоуверена со возраста“. Немам проблем да се шетам во долна облека. Не се кријам во ќош. Се фотографирам гола или во долна облека од 1992 година, долго пред Инстаграм, така што тоа не е ништо ново за мене – рекла таа.


