ВИДЕО | Зендаја годинава ќе доминира на филмските платна – „Се надевам дека луѓето нема да се заситат од мене“
Американската актерка Зендаја најави дека планира да земе пауза од актерството по исклучително плодната година, во која ќе се појави во повеќе филмски и телевизиски проекти. Имено, за време на интервјуто со колегата Роберт Патинсон и остатокот од актерската екипа на филмот „Драма“, 29-годишната актерка се осврна на интензивниот распоред кој вклучува враќање на серијата „Еуфорија“ и дури четири филмски проекти до крајот на годината.
Препорачано
„Само се надевам дека луѓето нема да се заситат од мене. Навистина ги ценам сите кои поддржуваат кој било од филмовите или ја поддржуваат мојата кариера на кој било начин. Искрено сум благодарна и, како што реков, се надевам дека нема да ви здодеам годинава, бидејќи ќе ви кажам нешто: по ова, исчезнувам на извесно време. Ќе морам да се скријам накусо“, изјави Зендаја низ смеа кога ја прашаа за бројот на проекти во кои глуми оваа година.
Соработка со големи имиња
Зендаја и Патинсон годината ја започнуваат со филмот „Драма“, кој во кината пристигнува на 3 април. Тие толкуваат пар пред венчавка чија врска е ставена на тест.
Поркај тоа тоа, двајцата ќе се појават и во новиот филм на режисерот Кристофер Нолан „Одисеја“ чија премиера е закажана за 17 јули, како и во филмот „Дина: Трет дел“, кој треба да биде прикажан на 18 декември.
Актерката исто така ќе се врати на улогата на Ру во третата сезона од серијата „Еугфорија“, која премиерно ќе се емитува на 12 април. Неколку месеци подоцна, на 31 јули, таа ќе се појави и во филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“ заедно со својот свршеник Том Холанд, што ќе биде нивен четврти заеднички филм од оваа франшиза.
Спектакуларни улоги
Во филмот „Одисеја“, Зендаја ќе ја толкува Атина, грчката божица на мудроста и војувањето. Том Холанд во истиот филм го игра Телемах, синот на Одисеј (кого го толкува Мет Дејмон), додека Роберт Патинсон ја презема улогата на Антиној, еден од просците на Пенелопа (Ен Хатавеј).
Во филмскиот серијал „Дина“, Зендаја ја игра Чани, фременската воинот и симпатија на Пол Атреидис (Тимоти Шаламе). Во третиот дел, заснован на романот на Френк Херберт од 1969 година, „Месијата на Дина“, Патинсон ќе го игра ликот на Скитајл.
Пофалби од колегите
Патинсон неодамна ја пофали својата колешка на премиерата на „Драма“.
„Мислам дека таа е едноставно толку доследна во својата професионалност, прекрасна е кон секоја личност, кон екипата, кон сите. Дури и кога снимаме на улица во Бостон, таа го поздравува секој што ќе помине. Неверојатна е, а притоа е толку подготвена и посветена на работата. Тешко би се нашол некој што би кажал барем еден лош збор за неа“, порача Патинсон.
Филмот „Драма“, првиот во низата овогодишни проекти на Зендаја, во кината пристигнува на 3 април.


