ВИДЕО | „Зависник ме ограби и го фатија“: Снеже Велков раскажа за крадецот кој го осудија
Снеже Велков отворено проговори за непријатното искуство со кражбата на нејзиниот велосипед во Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако сторителот е фатен и случајот доби судска разрешница, Велков откри детали кои ја отсликуваат суровата реалност на ваквите ситуации.
Водителката во поткастот „Естраден лексикон“ раскажа дека полицијата успеала да го приведе крадецот додека се обидувал да изврши друго кривично дело.
„Бевме на судење, го призна делото. А што се однесува до велосипедот којшто ми го украдоа во ГТЦ, беше пријавен во полиција и го фатија господинот крадец, којшто го фатиле на лице место при крадење на друг велосипед“.
Како што вели Снеже, станува збор за лице кое веќе ѝ е познато на полицијата, а мотивот за кражбата е поврзан со тешка социјална и здравствена состојба.
„Тоа е повратник, за жал зависник, којшто веќе бил во затвор и којшто излегол од затвор и којшто заради зависноста краде велосипеди, краде електрични тротинети, ги препродава… Мојот ако го продал за 2000 денари, ќе си пукнам!“, рече водителката, која при крајот на летото на социјалните мрежи објави дека ѝ е украден велосипедот.
Иако помина подолг период од настанот, Снеже признава дека сè уште внимателно ги набљудува сличните велосипеди низ градот, особено кај доставувачите.
„Едно време слушнав дека го вози некое дечко од оние коишто доставуваат храна и сега сум малку забегана вака кога ќе видам некој дека таков се вози, зелено точаче, и вака го загледувам да видам дали е тој или не. Но, веќе помина еве отприлика година дена. Сакам да кажам дека човекот го фатија, бевме на судење, го призна делото. Тажна приказна генерално со него, но тоа не може да го помилува заради тоа што го направил тоа кривично дело“, откри Снеже Велков.


