Мараја Кери - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Започна сезоната на Мараја Кери: Токму кога заврши Ноќта на вештерките, пејачката го најави божиќниот хит

Тиквите за Ноќта на вештерките сè уште не се ни исушиле, а Мараја Кери веќе го прогласи почетокот на својата божиќна сезона, со што се пофали на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Штом се изгаснаа последните свеќички за Ноќта на вештерките – Мараја Кери ги зеде работите во свои раце. Имено, пејачката го објави својот нов видео запис „It’s time“. Таа се пофали со долгоочекуваната вест на своите социјални мрежи.

„Време е“, напиша таа во описот под објавата, додека обожавателите ја обсипуваа со бројни коментари.

„Конечно“, „Кралицата официјално прогласи дека е ВРЕМЕЕЕЕЕЕ. Цела година го чекав ова“, „Најдоброто досега“, „Време е за кралицата“, „О Боже! Сега можам да спијам. Среќен Божиќ!!!“, „Те сакаме, Мими“, ѝ напишаа тие.

Мараја, со своето ново видео, кое веќе стана вирално, го отклучи празничното расположение во својот препознатлив, гламурозен стил.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот