ВИДЕО | Захарова објави приватна снимка на која еротски јаде јагоди: Ова е срамно и вознемирувачко

Фото: Принтскрин/Твитер

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, 46-годишната дипломатка Марија Захарова, на интернет објави снимка на која на еротски начин јаде јагоди и го снима целиот процес.

Видеото го пренесе каналот Nightingale Litter на Telegram.

Во позадина на снимката се слуша руската народна песна „Калинка Малинка“.

Новинарот Кевин Ротрок го сподели видеото и на Твитер.

Во коментарите се наметна прашањето дали Захарова навистина на оваа снимка и дали е вистина дека го објавила на својата официјална страница на социјалната мрежа. Новинарите потврдија дека навистина била таа.

Видеото го објавила со наслов „Мојата жетва“.

Откако снимката осамна на социјалните мрежи, се заредија згрозени коментари, во кои нималку не ја штедат Захарова.

„Ова е дрско и арогантно“, „Дали е ова за нејзиниот ‘OnlyFans’“, „Кој ги украде овие јагоди?“, „Ова е многу срамно?“, „Ова е вознемирувачко“, имајќи предвид дека овие реакции не се најострите, има и полоши, непристојни коментари.

Захарова: Смртната казна е јасен пример за сите платеници

Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот