Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за надворешни работи денеска го критикуваше предлогот на поранешниот шеф на полската дипломатија, а сега пратеник во Европскиот парламент, Родослав Сикорски, за испорака на нуклеарно оружје на Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја цитираше изјавата на Сикорски на нејзиниот профил на Телеграм: „Русија го прекрши Меморандумот од Будимпешта и затоа Западот има право да донира нуклеарни боеви глави на Украина за да ја заштити нејзината независност”.

Таа потоа напиша дека полските политичари кои се под контрола на американскиот преносен појас, покажуваат екстремистичка идеологија, шират омраза, поттикнуваат конфликти и сега и се закануваат на планетата со кршење на режимот за неширење на нуклеарното оружје.

– Но, најважно е што го загрозуваат полскиот народ, кој се вовлекува во нуклеарната прераспределба на светот, заклучи Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот