ВИДЕО: Забави пред целта и испадна, неверојатен гаф на фаворитката за медал

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Атлетичарката Шерика Џексон направи голема грешка во текот на денешниот ден на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија.

Натпреварувачката од Јамајка остана без полуфинале на 200 метри после неверојатниот гаф.

Пред самиот финиш имаше позиција која ја водеше во полуфиналето, но таа изненадувачки забави проценувајќи дека лесно ќе ја оствари својата цел.

Но, погреши во својот потег и тоа го искористија противничките и ја престигнаа Џексон која заврши како четвртопласирана во групата. Првопласираните три атлетичарки се пласираа во следната фаза.

– Очигледно погрешно ја процени ситуацијата и ја плати цената. Но, ќе научи – рече Стивен Франсис, тренерот на спринтерката.

Џексон беше фаворитка за медал, оваа година имаше трето најдобро време во дисциплината 200 метри.

Јас сум геј и сум олимписки шампион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот