Јас сум геј и сум олимписки шампион

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Репрезентацијата на Велика Британија приреди сензација во синхронизирани скокови во вода од 10 метри, освојувајќи го златниот медал пред фаворизираните кинески скокачи.
За прв пат од Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, Кинезите не се олимписки шампиони, а вниманието на јавноста го призвлече изјавата на новиот олимписки шампион Том Дејли по освојувањето на златниот медал.

Том Дејли има 27 години, роден е во Плимут и е поранешен светски шампион, а исто така е и меѓу првите британски спортисти кој призна дека е геј.
Јас сум геј кој е олимписки шампион. Се чувствувам навистина моќно поради тоа, кога бев млад не мислев дека ќе направам нешто големо поради тоа што сум – изјави Дејли по остварувањето на најголемиот успех во кариерата.

– После толку години имам златен медал околу вратот. Многумина ме отпишуваа и ми зборуваа дека поминаа моите најдобри години, но јас сум во најдобра физичка и психичка форма во својот живот. Менталитетот не донесе до златото. Ќе учествувам и во поединечна конкуренција – додаде Дејли.

Дејли и Ли го освоија златниот медал во Токио со освоени 471.81 поени, пред големите фаворити Чао и Чен од Кина кои имаа 470.58 поени. Третото место им припадна на руските скокачи во вода, Бондар и Минибаев кој имаа 439.2 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот