pixabay

ВИДЕО | За луѓе кои страдаат од несоница: Техниката 4-7-8 го смирува умот

Методот на дишење што се користи во јогата со векови стана повторно популарен откако го промовираше гуруто за интегративна медицина, д-р Ендру Вејл, за луѓе кои страдаат од несоница.

Целосното опуштање на целото тело ќе ви помогне да заспиете, а дури и ако не страдате од несоница, обидете се да се опуштите пред спиење со оваа техника.

1. Вдишете низ носот, полека, оставете вдишувањето да трае 4 секунди

2. Задржете го здивот 7 секунди

3. Издишете полека низ устата и тоа нека трае 8 секунди

Обидете се да дишете вака десет минути. Оваа техника на дишење е особено добра за смирување на срцето и дишењето, а фокусирањето на броењето ќе го смири и умот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот