Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Воен хеликоптер и детска еуфорија: Армискиот Дедо Мраз пристигна во касарната „Страшо Пинџур“

Настанот и оваа година предизвика огромен интерес, а моментот на слетување на хеликоптерот беше дочекан со громогласен аплауз и детски извиците.

Под јасно зимско сонце, воениот дел од Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ денеска беше исполнет со детска радост и возбуда.

Армискиот „Дедо Мраз“ пристигна по краток прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ и им подели новогодишни подароци на најмладите.

Традиционалната манифестација, која со години ја организира оваа воздухопловна единица на Армијата, повторно собра голем број деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и граѓани кои сакаа да присуствуваат на настанот.

Настанот и оваа година предизвика огромен интерес, а моментот на слетување на хеликоптерот беше дочекан со громогласен аплауз и детски извиците.

Присутна беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која претходно заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал Лафчиски, разговараше со припадниците на македонската армија кои се на мисија во странство.

Потоа им се придружи на присутните и го следеше настанот подготвен за најмалите.

Дедо Мраз, пристигнат со армиски транспортен хеликоптер, успеа да израдува стотици деца кои со нетрпение го очекуваа моментот да го видат, а потоа и да ги добијат своите подароци.

Детската еуфорија и насмевките доминираа на просторот, оставајќи силна празнична атмосфера во касарната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот