Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕО | Вардар денеска во ужасна состојба, во него наместо вода „тече“ ѓубре

Огромни количества ѓубре, пластични шишиња, ќеси и разни други отпадоци „течат“ денеска по Вардар во Скопје, како сите диви депонии од околината да завршиле во неговите води.

Не дека реката е некогаш чиста, редовно кај столбовите на мостовите, кај галиите и фонтаните сместени во Вардар се собира отпад, но она што денеска се случуваше е ужасно и уште еден доказ дека никој не се грижи за животната средина – ниту граѓаните, ниту надлежните институции.

Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Град Скопје пред некоја година се пожали дека ѓубрето во Вардар доаѓа од дивите депонии што се наоѓаат во горниот тек, покрај неговото корито. Од тогаш до сега многу матна вода протече низ реката, но очигледно никој не се ангажираше да ги исчисти депониите и да изрекува сериозни казни за секој кој со своите постапки ја загадува околината и реката.

Пластичните амбалажи што пловат по реката исто така говорат за еколошката – свест на некои граѓани, оти пластичните шишиња во реката не случајно се нашле таму.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот