ВИДЕО | Ужас: 4-годишно дете почина откако родителите му извршиле „егзорцизам“, го завиткале во чаршаф и го залепиле на подот

Фото: Dejli Mejl.

Џозеф Пол „Џо“ Вилсон и Џоди Ен Вилсон, брачна двојка од САД, се обвинети дека извршиле егзорцизам врз нивниот четиригодишен син Скајлер Вилсон, кој потоа починал.

Тие беа уапсени на 13 јануари под обвинение дека ја предизвикале смртта на нивниот син, пишува Дејли мејл. Во моментов се во притвор.

Според полицијата, брачниот пат на 6 јануари добиле повик од Службата за заштита на децата во врска со детето кое било примено во болница по укажана итна медицинска помош претходниот ден.

Скајлер починал три дена подоцна од повредите кои, како што подоцна било утврдено, му ги нанеле родителите кои сакале да го „истераат ѓаволот“ од детето.

„Ова е трагичен настан што резултираше со прерана смрт на едно дете“, рече началникот Стив Хајт.

Инаку, осомничените за убиството не се биолошки родители на момчето, туку го посвоиле. Причината за смртта наводно е повреда на мозокот предизвикана од недостаток на кислород, а детето исто така гладувало. Полицијата случајот го третира како убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот