ВИДЕО: Тричковски стрелаше против АПОЕЛ, 10 гол за Македонецот во дресот на АЕК Ларнака

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во 29 коло од најсилното кипарско првенство составот на АЕК Ларнака денеска со резултат 2:2 ремизираше со АПОЕЛ.

Гостите водеа со 1:2 во текот на натпреварот, но нашиот напаѓач Иван Тричковски донесе бод за домаќините со погодок во 88 минута.

За поранешниот македонски репрезентативец ова е 10 гол сезонава во шампионатот во својот 21 настап.

На табелата АЕК Ларнака е на третата позиција со 58 бодови, четири помалку од водечкиот АПОЕЛ, а меѓу нив на второто место е Арис (60).

Во следното коло АЕК Ларнака на 11 април ќе му гостува на четвртопласираниот во генералниот пласман, Пафос (52).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот