ВИДЕО: Тричковски ја продолжи голгетерската форма во Кипар

twitter.com/AEK_LARNAKA

Во осмото коло од најсилното кипарско првенство екипата на АЕК Ларнака со резултат 0:2 беше подобра од составот на Ермис.

Придонес во петтата победа сезонава имаше и македонскиот репрезентативец Иван Тричковски кој го реализираше вториот гол на тимот во 85 минута.

За него ова е вкупно до сега петти гол оваа сезона во седмиот настап за АЕК Ларнака за моментно прво место на листата најдобри стрелци во шампионатот.

Тричковски го одигра целиот меч, претходно за гостите од 67 минута настапи и Стефан Спировски, а во составот не беше Даниел Мојсов.

На табелата АЕК Ларнака е на втората позиција со 16 бода, три помалку од водечкиот Аполон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот