ВИДЕО | Трамп позира со пиштол од неговиот лик: „Морам да го купам!“

Трамп со „кастом мејд“ пиштол / Фото Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп позираше со пиштол со изгравирано лице на рачката за време на посета на продавница за оружје во Јужна Каролина. Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како поранешниот претседател се восхитува на полуавтоматски пиштол.

„Морам да го купам. Сакам да го купам“, вели Трамп на видеото, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Сепак, неговиот тим вчера ги отфрли шпекулациите дека Трамп го купил пиштолот за време на неговата посета на Јужна Каролина. Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација, оваа година е обвинет во четири одделни кривични случаи.

Федералниот закон им забранува на обвинетите лица да купуваат пиштоли. Сепак, федерален судија во Тексас го прогласи законот за неуставен минатиот септември. Во таа пресуда, судијата ја наведе одлуката на Врховниот суд која ги укина ограничувањата за оружје во Њујорк претходно истата година, доведувајќи ги во прашање голем број закони за контрола на оружјето.

Десетици илјади луѓе во САД умираат секоја година во инциденти поврзани со оружје. Повредите од огнено оружје се водечка причина за смрт кај децата и адолесцентите, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Имало вкупно 48.830 смртни случаи поврзани со огнено оружје во 2021 година, последната година за која се достапни такви податоци за ЦДЦ. Тоа беше најголемиот број на смртни случаи од огнено оружје досега во САД.

Во просек во САД има по две масовни престрелки дневно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот