Трагедија на аеродромот Бергамо кај Милано/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Трагедија на аеродромот во Милано, маж загина откако бил вовлечен во мотор на авион

Еден маж трагично го загуби животот утрово на аеродромот Орио ал Серио во Бергамо, во несреќен случај што се гледа во холивудските филмови.

Според досегашните информации, тој успеал да влезе на пистата и почнал да трча во правец на авион на рулната патека на аеродромот.

Според извештаите, моторот на авионот го „вшмукал“ несреќниот човек, предизвикувајќи му моментална смрт. Не е утврдено дали бил патник или вработен на аеродромот.

Авионот, Ербас А312, припаѓа на компанијата Волотеа и се подготвувал да полета за Астурија во северна Шпанија. По трагичниот инцидент, аеродромот во Бергамо останал затворен околу еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот